среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Костовски: Иницијативата за промена на имиња на улици во Бутел е граѓанска, потпишани се и Албанци, а ДУИ може да продава шовинизам колку сака

Костовски: Иницијативата за промена на имиња на улици во Бутел е граѓанска, потпишани се и Албанци, а ДУИ може да продава шовинизам колку сака

ДУИ може да предава како се создава шовинистичка политика, најмалку да обвинува други за истата, изјави денеска градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

Прво: Не станува збор за моја иницијатива, туку за иницијатива на девеесетина потпишани граѓани меѓу кои Македонци, Албанци, Бошњаци, Срби, Роми. Иницијативата ја препратив до надлежната институција Град Скопје, во случајов и лично ја поддржувам бидејќи станува збор за рационално барање.

Второ: Од вкупно 38 улици, 18 се со албански имиња, што значи тезата дека станува збор само за албански улици се поништува.

Трето: Покрај тоа што советниците на ДУИ и Алтернатива ја имаа на увид граѓанската иницијатива, сепак тие одлучија грубо да ги лажат сограѓаните Албанци дека станува збор за менување на улици само со албански имиња.

Општина Бутел е мултиетничка општина, со вакви несериозни и лажни обиди за добивање политички поени нема да постигне ништо ниту ДУИ, ниту било која друга партија, изјави Костовски.

Најнови вести