понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

И СОСЕДИТЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА АНА НИКОЛИЌ – го разврзаа јазикот и открија шокантни тврдења, еве што прави по улица сама!

И СОСЕДИТЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА АНА НИКОЛИЌ – го разврзаа јазикот и открија шокантни тврдења, еве што прави по улица сама!

Вчера се појави шокантно видео од поп-пејачката Ана Николиќ со рани на лицето.

Пејачката се пожалила дека има проблем на својот менаџер, кој не знае како да го реши.

– Ова почнува да биде кошмар. Не можам сама да го покријам ова. Имам 100 динари на сметката. Не можам да снимам ништо со ова. Нема шанси да се поправи, а од сиот бес и нервоза погледни како изгледам. Ова не беше вака. Ова сега е пеколно – вели пејачката во споменатото видео кое – претпоставуваат некои српски медиуми – го споделил во јавност токму менаџерот на Ана зашто моментно била со него во конфликт.

Но, сега и соседите истакнуваат дека се загрижени за неа и дека секогаш кога ќе ја сретнат, таа го крие лицето со шешири и големи очила.

– Со месеци носи качкети, капи и шешири. Ја слушаме како пее на улица. Таа многу пцуе, но таа е само уметница која се изгуби себеси. Може да го канализира тоа како инспирација и да биде старата ѕвезда, да не падне во очај. Раста доаѓаше да си ја земе ќерката, сега најчесто праќа дадилка или шофер, за да не се караат пред детето – за српски „Блиц“ изјавил сосед на познатата пејачка.

Инаку, Ана од неодамна повторно почна да настапува, а на концертите често го крие лицето со циркони и се појавува во чудни модни комбинации. Многумина коментираат и дека пејачката се однесува многу чудно, па се поставува прашањето дали проблемот што го има можел да се претпостави уште пред да излезе на површина контроверзното видео.

@espreso_rs Pevacica je imala poteskoce sa garderobom, ali i pevanjem. Sta vi mislite o ovom nastupu? #ananikolic #ananikolicizjave #nastup #romaleromali #fyp ♬ original sound – Espreso.rs

„Жал ми е што го гледам ова, жал ми е за неа како личност“. „Ана, вразуми се, жено, имаш ли некој во животот на кој можеш да се потпреш да испливаш?!“, „Како последниот концерт на Ејми Вајнхаус во Белград. Многу ми е жал што го гледам ова, дај Боже да се опорави и да биде здрава“, се само дел од коментарите под видеото.

Најнови вести