среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЕСТЕТСКИ ХИРУРГ ДАДЕ КОНКРЕТЕН ОДГОВОР: Еве зошто и се распаѓа лицето на Ана Николиќ, живите рани и дупките се само од едно – ТОА ШТО И ГО МИСЛЕВТЕ!

ЕСТЕТСКИ ХИРУРГ ДАДЕ КОНКРЕТЕН ОДГОВОР: Еве зошто и се распаѓа лицето на Ана Николиќ, живите рани и дупките се само од едно – ТОА ШТО И ГО МИСЛЕВТЕ!

Пред неколку дена цела Србија беше запрепастена од видеото на Ана Николиќ на кое можевме да забележиме големи рани, слични на кратери, на нејзиното лице. Сите беа, и се уште се многу исплашени за нејзиното здравје, но мистеријата останува – која е причината за овие промени на лицето? Така почнаа шпекулациите – конзумирање нелегални супстанци, лоши ласерски третмани, или нешто сосема трето…

На крајот, најгласни беа оние кои веруваат дека популарната пејачка се подложила на ласерски третмани на лицето од непрофесионални и неквалификувани лекари и дека поради тоа сега има видливи несакани последици за кои и самата рече дека се „кошмар“.

Српскиот доктор Милан Чолиќ , познат естетски и пластичен хирург, кој веднаш изјави дека не е запознаен со случајот и дека не може да коментира за конкретниот проблем со кој се соочува Ана Николиќ, но сакаше да советува многу други да бидат внимателни кога одлучуваат каде ќе прават одредени третмани или корекции, особено ако се работи за ласерски третмани.

– Не знам за тој случај. И генерално зборувам – ласерот е ужасно опасно оружје во рацете на невештите. Некој што не знае да ја одреди длабочината на ласерскиот зрак, кој нема искуство и знаење, може само да му наштети на клиентот. Тоа може да доведе до страшни последици. Не може да се работи во козметички салони, тоа е деградација на професијата – рече докторот.

Кожата може да издржи обновување до одредена граница, но има и ситуации кои не можат да се решат.

– Исто така, доколку клиентот не добие добри инструкции, може да дојде до хиперпигментација на сонце, односно да ја добие таканаречената „леопардска кожа“ – предупредува познатиот доктор Чолиќ.

Многу јавни личности честопати ги прават овие третмани, но по специјални цени или дури и бесплатно. Многу салони се согласуваат со тоа заради рекламирање, но постои ризик да сте му ја дале довербата на некој кој не е доволно професионален.

– Кога познатите личности одат во непроверени салони за евтино да ги завршат третманите, тогаш најевтиното обично излегува најскапо. Кога познати луѓе доаѓаат кај мене и бараат попуст или да не им наплатам, јас обично велам: „Двојно да ти наплатам, бидејќи ако згрешам кај тебе, сите ќе знаат“ – вели тој.

Најнови вести