вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„На дел од вработените во Здравствениот дом – Скопје уште не им се врачени решенија за користење годишен одмор“

„На дел од вработените во Здравствениот дом – Скопје уште не им се врачени решенија за користење годишен одмор“

Иако годишните одмори се во тек на дел од вработените во Здравствениот дом – Скопје уште не им се врачени решенија за користење годишен одмор – право што е предвидено со закон, обвинуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Неспособноста на директорот Виктор Исјановски и организацискиот директор Вулнет Селими повторно се покажува на дело ако се земе во предвид дека овие вработени се останати и без здравствено осигурување и се принудени приватно да ги плаќаат неопходните здравствени услуги, иако беа херои за време на пандемијата.

Сето ова дополнително ги демотивира и иритира вработените и ваквата негрижа за човечкиот фактор и секојдневниот мобинг на кој се изложени вработените се причина за заминување на стручниот, искусен кадар од специјалистичко- консултативна служба.

На потег се службите на трудовиот инспекторат и ДСЗИ да излезат на терен“ – се наведува во нивното соопштение.

Најнови вести