вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НОВА ПОТРЕСНА СНИМКА НА КОЈА ЦЕЛО ЛИЦЕ И Е ОПФАТЕНО СО РАНИ – Ана Николиќ плаче и моли да ја однесат кај оваа жена, таа е видовита! (ВИДЕО)

НОВА ПОТРЕСНА СНИМКА НА КОЈА ЦЕЛО ЛИЦЕ И Е ОПФАТЕНО СО РАНИ – Ана Николиќ плаче и моли да ја однесат кај оваа жена, таа е видовита! (ВИДЕО)

Пејачката Ана Николиќ со денови е во центарот на вниманието по скандалот кој се појави во јавноста поврзано со нејзиниот физички изглед.

По видео снимката на која се гледа нејзиното лице со дупки и живи рани, денес се појави ново видео на кое пејачката во очајна состојба бара помош од гатачка.

-Се договоривме да ме носиш кај таа жена. Можеш ли малку да ја земеш целокупната слика? Јас тебе ако не сум те испочитувала, тогаш никого не сум испочитувала. Јас сум личност позната по доцнењето. Минатава година не постои настан на која сум стигнала на време, сфаќаш дека со мене нешто се случува што не е вообичаено и не е нормално, вели пејачката во видеото.

Таа обраќајќи му се на (засега непозната личност) за јавноста моли да ја однесе кај гатачка.

-Мене навистина не ми е добро и те замолувам, не мора да доаѓаш со мене, само јави и се на таа жена и закажи ми да одам. Ќе одам кога и да треба, мене навистина не ми е добро. Јас не знам година дена што ми се случува. Таа жена е видовита, па нека види таа што ми се случува, вели таа.

Најнови вести