сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Екипите на ЕВН на терен во Слупчане – жителите им дозволија да влезат во селото и да пуштат струја

Екипите на ЕВН на терен во Слупчане – жителите им дозволија да влезат во селото и да пуштат струја

По разговорот на министерот за економија Бектеши со градоначалникот на општина Липково, на екипите на ЕВН им беше дозволен влез во село Слупчане. Непречено се работи да ги отсранат дефектите и да направат надградба на дистрибутивната мрежа. Граѓаните мирно набљудуваат додека ЕВН ја пушта струјата, објавува Телма.

Во обид сами да го средат дефектот жители на Слупчане предизвикаа поголем и без струја останаа Оризаре, Ваксинце и Лојане.

Синоќа пак со блокирање на главниот пат кој води до селото ги спречија екипите на ЕВН да интервенираат.

Кражбите на електрична енергија во ова село се огромни и на годишно ниво се пресметуваат во милионски суми, а наплатата е само 20%.

Министерот Бектеши изјави дека сите граѓани мора да плаќаат за потрошената електрична енергија.

Најнови вести