Игор Којиќ, синот на Драган Којиќ Кеба, стави точка на романсата со Теодора Бјелица, а пејачот во едно од последните интервјуа откри дека не ја ни запознал актерката.
Имено, додека Игор по бракот со пејачката Северина влезе во романса со Теодора Бјелица на која сега и ставија точка, Кеба откри дека не ја ни запознал убавата актерка.
-Даде интервју каде објасни многу работи. Не сакам да зборувам за неговите врски, дали има девојка, не знам. Не ме запозна со нова девојка, не верувам во веста додека не ми каже. Ќе ми рече вистина е или не е. Изборот на неговото срце е негова работа, јас го поддржувам.
Да потсетиме, младата актерка откри дека повеќе не е со Игор.
-Едноставно, не се поклопивме. Со текот на годините, научив да не губам време на луѓе и врски кои не ги сакам. Заминувам и на таа личност и посакувам се најдобро, изјави Бјелица.