вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека Македонија ги пикирала туристите од Азија

Комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека Македонија ги пикирала туристите од Азија

Фејсбук статус на Комисијата за туризам на ВМРО-ДПМНЕ.

САЕМСКИ…! СЕ ЛАЖЕШ АКО МИСЛИШ ДЕКА НАРОДОТ Е СО ПОМНЕЊЕ НА ЗЛАТНА РИПКА!

Читаме денес саемскиот се фали дека Македонија ги пикирала туристите од Азија – ЛАЖЕ!

Самиот тој од 2018та година зборува за потребата од укинување на визниот режим за кинеските туристи, самиот тој кажа дека Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот подготвила информација со барање за укинување на визите за овие туристи и ја доставила до Влада, па потоа кажа и дека сме немале водичи кои говорат кинески јазик…кажа, но ништо не презеде…а можеше…и требаше!

Саемски…!

Не знаеме каков ти е рејтингот во Владата чиј претставник си, но знаеме дека имаше доволно време да ја убедиш по однос на ова прашање.

Ако не си способен сам, а не си дефинитивно, требало заедно со Стопанска комора да го сториш тоа, бидејќи и од Стопанска комора од 2018та година апелираат за укинување на визниот режим со Кина, за што си доставија официјално барање до МВР и МНР за разгледување на ова прашање, но напорите не дадоа резултат!

Исто така, да те потсетиме дека од 2018та година Македонија се подготвува за пречек на зголемен број кинески туристи, што уште еднаш потврдува дека ЛАЖЕШ кога велиш дека си ги пикирал кинеските турити (линков ти го праќаме чисто како доказ: https://kanal5.com.mk/makedonija-se-podgotvuva-za…/a314674).

Да те просветлиме да им пренесeш во Влада дека Србија уште пред две години одобри безвизен режим, по што за три пати го зголеми бројот на туристи, а Албанија од 18ти март оваа година (секако паметна влада тоа го прави пред почеток на туристичка сезона) потпиша Договор за реципрочно укинување на визите меѓу двете земји.

А Македонија?

Македонија останува надвор од Балканскиот туристички пазар и со вака неспособна Влада и кадри дозволи девизниот прилив наместо овде, да замине во регионот, заедно со вработените во туристичкиот сектор и младите луѓе од Македонија!

За крај, она што е најтрагично е што и твојата влада ЛАЖЕ!
(доказ:https://civilmedia.mk/s-ukinuvaat-vizit-za-nr-kina/). На 14ти март 2018та Зоран Заев кажа, цитирам „ЌЕ се укинуваат визите за НР Кина“…и ИЗЛАЖА! Тоа е тоа ваше ЌЕ, кое е еднакво на никогаш!

Како и да е, со тоа што ЛАЖЕТЕ – СЕ ЛАЖЕТЕ СЕБЕ СИ! А народот и туристичкиот сектор ќе ве „наградат“ за секоја кажана лага!

Денот Д се ближи!!!

Најнови вести