сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Протест на судската администрација одржан и во Тетово

Протест на судската администрација одржан и во Тетово

Вработените во администрацијата на Основен суд Тетово протестираа денеска по повикот на Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) и Независен синдикат на судска служба за протест преку кој се бара зголемување на платите. Тие протестираа собрани пред зградата на судот од 10 до 11 часот.

– Се собравме за да ги поддржиме колегите од Синдикатот од Скопје. Се солидаризираме и сакаме да кажеме дека не сме задоволни со нашата плата. Бараме 30 отсто зголемување на платата и 15 илјади денари да биде К-15 и 25 отсто додаток на плата. Сè додека не се исполнат овие барања ние секој ден ќе протестираме пред Основен суд Тетово, изјави Фадила Шкријељ, самостоен референт во Основен суд Тетово.

Независен синдикат на судска администрација информираше дека протестите во судовите се во знак на револт кон вчерашната одлука на министерот за финансии да не ја потпише одлуката на Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци, наплата која беше донесена со одлука на 15 проценти и незадоволство од Министерството за финансии за нивните барања за покачување на плата од 30 проценти.

Доколку не бидат земени предвид нивните барање, од 1 септември најавуваат одржување на генерален штрајк со блокирање на улици и неиздавање на уверенија за неосудуваност и други документи.

Најнови вести