недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

СЕЌАВАЊЕ: 25 години од смртта на македонскиот актер Ненад Стојановски

СЕЌАВАЊЕ: 25 години од смртта на македонскиот актер Ненад Стојановски

Во 1998 година на денешен дека ненадејно почина познатиот македонски глумец Ненад Стојановски. Роден е во 1952 година, на 19 август во Скопје.

Стојановски по членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности настапувал на сцената на Драмскиот театар во Скопје, а како глумец гостувал и на повеќе други сцени.

За одбележување се неговите учества како гостин и на Дубровничките и Сплитските летни игри, како и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар.

Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во 1985 година е прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.

Ненад Стојановски се наметнал како највозбудлива глумечка пројава во Македонија во последните десеттина години од неговиот живот. Стојановски беше во брак со актерката Силвија Стојановска со која ги имаат двете ќерки, сега исто така актерки, Јана и Ана.

Најнови вести