четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Откриена причината за смртта на Лиза Мари Присли

Откриена причината за смртта на Лиза Мари Присли

Смртта на американската пејачка Лиза Мари Присли во јануари настапила како резултат на опструкција на тенкото црево, се наведува во извештајот на округот на Лос Анџелес, пишува во петокот германската агенција dpa.

Опструкцијата е резултат на израстоци кои настанале по операцијата за слабеење на која била подложена пред неколку години, објави Би-Би-Си.

Иако во извештајот не се споменува присуство на наркотици во телото на Лиза Мари, веб-страницата на славните TMZ пишува дека резултатите од токсикологијата допрва треба да бидат објавени.

Лиза Мари, единственото дете на Елвис и Присила Присли, почина на 12 јануари годинава по срцев удар и само два дена откако присуствуваше на Златните глобуси.

Таа наводно изгубила меѓу 18 и 22 килограми во месеците пред смртта, а освен апчиња за слабеење, користела и опијати.

Најнови вести