среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Божинов: Очигледно е лицемерието на СДС, нивната влада спојува концесии, а нивните локални раководства пред народот глумат загрижени граѓани

Божинов: Очигледно е лицемерието на СДС, нивната влада спојува концесии, а нивните локални раководства пред народот глумат загрижени граѓани

Со големо внимание ја следам дебатата околу прашањето за рудниците.

Морам да кажам дека забележително е и лицемерието на власта, особено на СДС, чија влада дели и спојува концесии, а чии пратеници, и локални раководства, пред народот глумат загрижени граѓани, па уште ме повикуваат да се изјаснам.

Ќе беше многу попрoдуктивно, истото тоа да го направеа и да побараа став од нивната влада во моментот кога носеше одлуки за спојување на концесиите и кога се исполнуваше апетитетот на ДУИ, компанијата на Дестани, Еколог да влезе во сопствеништвото на рудникот Иловица.

Да бидеме на јасно, јас сега и секогаш ќе бидам против секој кој ќе работи против здравјето на моите граѓани.

Јас сега и секогаш ќе бидам против секој кој ќе ги крши законите и ќе прави пари на грбот на граѓаните. И сега кога јасно ги кажувам моите позиции, јавно ќе ги повикам пратениците и локалните раководства на СДС да ја повикаат нивната влада да одговори:

Зошто досега не се одзема едната концесија за експлоатација на Еуромакс?

Зошто наместо тоа, Владата донесе одлука за спојување на двете концесии во една од кои едната од нив е неважечка?

Дали колегите од СДС ќе се придружат кој мојот апел до истражните органи дека е потребно сериозно да се позанимаваат со ваквиот грабеж на природните богатства на Република Македонија!

ДУИ нарачува, СДС исполнува.

Да знаете секогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со народот.

Нема да дозволам нашата општина, да стане ваш бизнис.

Најнови вести