Женското финале на Вимблдон се одржа денеска, а многу познати личности се најдоа на трибините. Меѓу нив секако беше и принцезата Кејт Мидлтон, а секако и овојпат имаше беспрекорен аутфит.
Кејт на 13-тиот ден од Вимблдон се појави во светло зелена модна комбинација која одлично ја истакна нејзината фигура, но и нежниот тен. Таа се одлучи за лелеаво миди здолниште и струкиран блејзер во иста нијанса. Оваа едноставна комбинација дополнително ја потполни со накит.
Се одлучи за бисерни обетки во форма на цвеќе, златна нараквица и голем прстен.
Целата комбинација ја надополни со беж потпетици и беж чанта, црни очила за сонце и лесна шминка.