сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илиеска: Најавените реформи за даночната политики на власта се шокантни и неиздржливи ниту за граѓаните, ниту за компаниите

Илиеска: Најавените реформи за даночната политики на власта се шокантни и неиздржливи ниту за граѓаните, ниту за компаниите

Анастасија Илиеска на денешната трибина насловена „Погрешните економски политики-предизвик за преживување на стопанството и граѓаните зборуваше за најавените реформи за даночна политика и потенцираше дека ова кое што го спрема Владата е шокантно и незидржливо.

-Даночните политики во сферата на компаниите и даночните политики во сферата на оданочувањето на граѓаните и она кое граѓаните како крајни корисници во секојдневното живеење купуваат производи, користат услуги, она кое што им се спрема е шокантно и веќе неиздржливо. Со самото нивно доаѓа на власт, СДС и ДУИ и нивната програма, тие од нивната програма поточно за спроведување на правичен даночен систем ништо не видовме веќе 7 години, рече таа.

Илиеска во текот на своето обраќање потсети дека власта на СДС го укина рамниот данок, а го воведе прогресивниот данок кој за неполна година се стави во мирување и потоа се укина.

– Цело време имавме најавување на одредени реформи, потоа укинување на одредени реформи дури и на непомината цела календарска година. За да ги видите вие ефектите дали се позитивни, негативни или треба да донесете некои промени реално треба да помине една календарска година се со цел да можат да се видат реалните показатели. Знаеме за укинување на рамниот данок, поточно ставање во мирување и донесување на прогресивен даночен систем министрите како Тевдовски, советникот Бранимир Јовановиќ кој многу често гледаме како сега носи многу мудри анализи и констатации, дека кога си на позиција одговорноста е многу голема, кога си во министертво како службеник одговорноста е многу голема, голема за спроведување на одредени реформи кои што вие сте ги најавиле и сте ја добиле поддршката од граѓаните. Знаеме дека спроведувањето на прогресивното оданочување дека на неполна година истиот се стави во мирување, се до минатат година во декемврти месец истиот да се укине, кажа таа.

Илиеска во врска со даноците потенцираше дека сега на сила е данокот кој ВМРО-ДПМНЕ го донесе затоа што се покажа како многу успешен.

-На сила е сега данокот кој што ВМРО-ДПМНЕ го донесе и се покажа како многу успешен. Зошто успешен? Заради тоа што таа даночна стапка е ниска, а во економијата знаеме кога даночните стапки се ниски, тогаш граѓаните доброволно и неоптоворено ги плаќаат, ги сервисираат даноците и на тој начин собирањето на даноци е полесно, поупешно и поефикасно. Доколку вие донесете политика на воведување на зголемување на даноци, тогаш секој еден интенцијата и мислата ќе му биде како да ги избегне тие даноци, а не како да ги плаќа тие даноци, вели таа.

Илиеска понатаму се осврна на данокот на додадена вредност за храната каде укажа дека со тој данок ќе има поскапување на прехрамбените производи.

-Јас би се фокусирала и на најавените даночни стапки од данокот на додадена вредност на храната, она кое секој еден граѓанин е опфатен со тие даночни стапки. Тука многу гласно сакам да зборувам поради тоа што граѓаните немаат комора која што ќе ги претставува и постојано ќе зборува за тоа. Ако стопанствениците и компаниите имаат глас кој го кажуваат стопанските комори јас денеска ги потенцирала и алармирала на она кое што треба сите да не снајде со донесувањето на законот со дебата од 3 дена поради тоа шпто го донесоа со европско знаменце. Ако минатата година во ноември и декември за оданочување на луксузни производи, сега немаме оданочување на луксузни производи туку оданочување на сите производи кои служат за прехрана со исклучок на основните прозиводи. Таа листа на прехрамбени прозиводи кои што од 5% сега ќе се оданочуваат со 10% може да биде многу голема и може да опфаќа прозводи кои ние секојдневно во нашата исхрана ги користиме. Тоа значи дека после овие 3 дена дебати со носењето на овие закони ние сите во продавниците кога купуваме прехрамбени производи, дел ќе бидат со зголемена даночна стапка од 10%. Тоа значи со повисоките производи дека ние ја придвижуваме и ја храниме инфлаторната спирала, а знаеме дека во регионот ние имавме највисока стапка на инфлација, рече Илиеска.

На крај Илиеска запраша:

-Кога некоја влада е на власт тие треба да имаат програма и идеја. Која е идејата за зголемување на цените на храната? Не можам да го најдам одговорот, поради тоа што се удира буквално по секој еден граѓанин.

Најнови вести