вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Преподобен Атанасиј Атонски

Денеска е Преподобен Атанасиј Атонски

Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, но по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците.

Полн со Божја благодат, се удостои да Ја види Пресвета Богородица, Којашто чудесно низведе вода од карпа и му вети дека секогаш ќе биде Икономиса (Игуманија) на манастирот.

Атанасиј предничеше пред своите браќа и во работата и во молитвата и сите ги љубеше со љубов на пастир и духовен отец.

Смртта му дојде ненадејно. Еднаш со шестмина монаси се искачи над една новоизградена црквена припрата да го прегледа ѕидот што се ѕидаше тогаш, но ѕидот се урна и сите ги затрупа. Така заврши овој голем светилник на монаштвото, во 980 година.

По смртта повеќепати им се јавуваше на своите собраќа за да ги утеши или искара.