понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ристески со статус за Карпалак: Браќа! Засекогаш ќе бидете во нашите срца , почивајте во мир херои наши!

Ристески со статус за Карпалак: Браќа! Засекогаш ќе бидете во нашите срца , почивајте во мир херои наши!

Поранешниот градоначалник на Прилеп, со фејсбук статус се огласи на својата фејсбук страница во врска со  Карпалак. Тој се потсети на тој ден, статусот ви го пренесуваме интегрално:

Херои прилепски, јунаци македонски.Задоволство беше да се борам рамо до рамо со Вас мои соборци од Карпалак, но и многуте други бранители кои застанаа на браникот на татковината во тежок период. Достојно спроведуваќи ја нашата граѓанска обврска да си ја браниме државата ,заминавме горди и во занес од љубов кон Македонија, која и ден денес ни е се!
За жал 10 мина од нас не се вратија, положуваќи ги своите млади животи за Македонија, за сите нас кои денес живееме во неа.Ги оставија своите блиски во вечна тага и непребол и тие треба да бидат горди на нив за нивната храброст и жртвата што ја дадоа за нашата Македонија!
Злосторниците кои кукавички не нападнаа од заседа се надеваме дека еден ден ќе бидат изведени пред лицето на правдата и пред Бога , ќе платат за овој кукавички чин и злостор што го направија.

Браќа! Засекогаш ќе бидете во нашите срца , почивајте во мир херои наши!

Да изразам сочуство и почит и на нашите браќа соборци кои починаа и после овој настан и за жал ги нема со нас на овој голем ден 8 Август.Ги нема заедно да тагуваме, да оддадеме почит, да се сеќаваме на овој ден , ден кој со крв е испишан во историјата на Прилеп и нашата Македонија.
Секоја чест и почит на семејствата на загинатите , почит на преживеаните херои од овој настан кои секогаш се спремни како и во 2001 да застанат на браникот на татковината , која заедно со нас е во вечна борба за правда и опстој…

Македонија да ни е вечна !
Да е вечен споменот за Карпалак !

Најнови вести