48-годишната актерка Ева Лонгорија, најпозната по улогата во ТВ серијата Очајни домаќинки, со семејството замина на одмор во Шпанија и веќе е „уловена“ од папараците, пишува Page Six.
Таа се релаксирала на плажа во Марбела и изгледала неверојатно во едноделен розов костим за капење со патент однапред. Изгледа дека актерката не можеше да одолее на најновите трендови дури и кога е на плажа.
Изгледот го заокружи со сламена капа и минимална доза на златен накит, а тука се и трендовските очила за сонце.
Заедно со Лонгорија се нејзиниот сопруг, 55-годишниот медиумски магнат Хозе Бастон и нивниот четиригодишен син Сантијаго Енрике.
Иако, по породувањето актерката се бореше со вишокот килограми, денес изгледа во топ форма.