петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Започна третиот Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на Македонија 2025

Започна третиот Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на Македонија 2025

Денеска, на 19 јули 2023 година, започна третото издание на Охрид кампот за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи од 19 до 25 јули 2023 година во Охрид.

Оваа година ќе овозможиме на 25 млади луѓе (од 11-15 години) од Америка, Хрватска, Словенија, Кипари од Македонија, да го подобрат на дигиталното владеење на преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика (вештини за висока технологија) и поттикнување на нивниот интерес за продолжување на СТЕМ образованието и кариерата. Дополнително ќе работиме на негување чувство на одговорност и зајакнување на младите луѓе да преземат акција кон одржлив развој преку промовирање на употребата на технологијата и усвојување на практики за одржлива енергија; подобрување на нивото на свест и разбирање за важноста на сајбер безбедноста за децата и, можеби најважно, ќе помогнеме во зајакнувањето на врската помеѓу младите Македонци однашата земја и младите од дијаспората, и нивната земја на потекло, поттикнувајќи ги меѓукултурните размени и чувството за одговорност и враќањето кон заедница.

Охрид кампот е еднонеделна програма која комбинира традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искустваво областа накодирање, програмирање и роботика. Учесниците ќе се стекнат со нови знаења и вештини преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, акција, out-of-the-box размислување и соработка (работавопарови/групи). Програмата се фокусира на современи, високо ефективни методи на настава и учење и е испорачана од сертифицирани СТЕМ предавачи.

Kампот, како и претходните години, е под покровителство на Претседателот на државата г-дин Стево Пендаровски, кој и оваа година ќе биде наш домаќин и во убавините на претседателската вила „Билјана„ ќе се доделат сертификатите за учество на Кампот.

Огромна благодарност на нашите повеќе годишни поддржувачи: АмериканскатаАмбасада во Северна Македонија, национална установа „Охридсколето„, Алкалоид, Триглав Осигурување, Костал, ИтЛабс, ForestBar, МакПрогрес (Vincinni), Фруктал МАК и индивидуалциод земјава и дијаспората коијаподдржуваатнашатамисија.Од друга страна, кампот не и бил целосен без нашите програмски партнери, и тоа: Young Engineers (the Robotic & Innovative Academy), МАСИТ –Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии(Brainster иiSourse), и фестивалот Охридско лето. Само заедно, можеме да направиме значително влијание во зајакнувањето на вештините на младите таленти од социјално ранливи средини, поттикнувањето на иновациите и обликувањето на посветла иднина за Македонија.

Повеќе за програматаи споделените искуства на учесници од изминативе годиниможе да најдете на следниот линк: https://www.macedonia2025.com/ohrid-hi-tech-excellence-camp/.

Најнови вести