недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Примероци од вода, земени на 48 мерни места во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и Канализација – Скопје, соопштувајќи ги резултатите од неделниот извештај за анализа на водата за пиење.

Од 17 до 21 јули биле земени 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.

Анализите, како што информира ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ги направи Секторот за санитарна контрола – прва лабораторија во државата акредитирана според стандардот ИСО17025:2018.