сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Криминогената влада на Ковачевски гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на граѓаните“

„Криминогената влада на Ковачевски гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на граѓаните“

Криминогената влада спојува две концесии и дава дозвола за влез на Дестани во Иловица и покрај тоа што немал никакво претходно искуство со ископ на бакар и злато, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Дестани, човек на ДУИ платил 7 проценти од висината на концесијата за такса и однапред знаел влегува во сигурна бизнис зделка.

-Криминогената влада гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на интересите и барањата на граѓаните од струмичко. Криминалот на СДС и ДУИ стигнува во секој дел од државата. Скоро две недели владата молчи и мисли дека граѓаните ќе заборават. Нема ништо од изјавата на Ковачевски дека рудник во Иловица нема да се гради. Напротив Ковачевски молчи и бега и не бара одговорност од Крешник Бектеши кој ги излажал министрите на СДС и затоа гласале за спојување на концесиите Иловица-Штука. Со тоа што Ковачевски и владата дозволиле Дестани да влезе во Иловица, а веднаш потоа македонските институции ја вратиле концесијата, покажува дека истите работат по наредба на СДС и ДУИ. Криминалците од СДС и ДУИ се однесуваат кон државата како да е нивен сопствен бизнис и туркаат одлуки спротивни на интересите на граѓани. СДС и ДУИ и сите инволвирани ќе одговараат за сиот криминал. Одговорноста доаѓа по изборите, велат од партијата.

Најнови вести