Теодора Џехверовиќ често ја провоцира јавноста со содржината што ја објавува на социјалните мрежи, а сега со најновата објава повторно успеа да предизвика лавина коментари.
Теодора овој пат позираше речиси гола, а нејзините фотографии беа критикувани од нејзините следбеници. Ја споредија со старлетите од српската сцена.
„Штета што толку убава и симпатична девојка, сакан лик, кој успеа како пејачка, прави од себе Анџела Вештица, Шавија и Крунич… Мизерно и тажно, особено голема штета, вели коментар од еден корисник на социјалната мрежа.
Теодора не остана имуна на овој коментар, а на критиките одговори.
-Порано сликарите сликаа голи жени и тоа беше уметност. Штета што со вакви очи гледате на некои работи, навистина голема штета, напиша пејачката.