сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Големи кловновски жолти чизми се новиот ХИТ- ги носеа и познати личности (ФОТО)

Големи кловновски жолти чизми се новиот ХИТ- ги носеа и познати личности (ФОТО)

Брендот „МСЧФ“ има нов начин да привлече внимание со своите предимензионирани чизми, благодарение на соработката со брендот „Крокс“. Овојпат се работи за кловновски големи жолти чизми.

„Обувките“ коишто го отсликуваат претходниот црвен хит-производ на „МСЧФ“, сега имаат и дупчиња за провев – како влечките „Крокс“, а првпат ги носеше музичарот Томи Кеш во првиот ред на Модната недела во Париз. Новите обувки ќе бидат пуштени во продажба на 9 август по малопродажна цена од 450 долари.

Откако уметничките црвени чизми за кловн го зафатија интернетот, голем број познати личности беа фотографирани со тие обувки коишто всушност потсетуваат на ликовите од цртаните филм. Ниту новиот уметнички производ „МСЧФ“ не остана незабележан од познатите, па Викторија Бекам е една од првите која сподели фотографија на којашто ги носи големите жолти чизми. По неа, следеа Парис Хилтон, Малума…

Но, на интернет, многумина и не го дочекаа позитивно новиот производ, па имаше и комични пораки во стилот – „Сунѓерот Боб доби конкуренција“ и слични досетки.