недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Четврто прскање против ларви од комарци во среда во Скопје

Четврто прскање против ларви од комарци во среда во Скопје

Во среда (09.08.2023) ќе се реализира четвртата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на Скопје против лаври од комарци.

– Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира во среда, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, пак, ќе се реализира во текот на истиот ден, соопшти Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Од Град Скопје апелираат до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.