петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Откриена причината за смртта на внукот на Роберт де Ниро

Откриена причината за смртта на внукот на Роберт де Ниро

Откриена е причината за смртта на Леандро Де Ниро Родригез, внук на оскаровецот Роберт де Ниро, јавува Си-Ен-Ен.

Неговата смрт е резултат на токсична комбинација на фентанил, бромазолам, алпразолам, 7-аминоклоназепам, кетамин и кокаин, пренесува Си-Ен-Ен.

Смртта на 19-годишниот Леандро е прогласена за несреќен случај.

Фентанил е исклучително смртоносен сам по себе, но кај смртните случаи поврзани со дрога, вообичаено е лицето да умре со комбинација на повеќе лекови во нивниот систем, според Си-Ен-Ен.

Софија Маркс е уапсена во врска со смртта на тинејџерот. Таа е обвинета дека му продавала дрога.

 

Најнови вести