среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Македонија има право по дипломатски пат да поднесе Анекс за тие точки за кои што мисли дека го стагнираат процесот за развојот на добрососедството, пријателство и соработка

Ѓорчев: Македонија има право по дипломатски пат да поднесе Анекс за тие точки за кои што мисли дека го стагнираат процесот за развојот на добрососедството, пријателство и соработка

„Избори се секогаш решение кога се гледа дека граѓаните на Република Македонија бараат излез од оваа ситуација. А, тоа го покажуваат сите истражувања, а истражувањата се сепак огледало на политичката сцена во Република Македонија, истакна Марјан Ѓорчев во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Ѓорчев додаде дека тогаш ќе се покаже од сите политички партии во која насока ќе се движи државата.
„После договорот со Бугарија, власта самата на себеси си направи стапица со тоа што прифати исклучиво бугарска стратегија. И при прифаќање на овој договор не се почитуваа искуствата на владите од пред 2017-та година. И сега од таа стапица многу тешко се излегува“, рече Ѓорчев.

Тој посочи дека Бугарија кажува убаво дека преземените обврски од при потпишувањето на договорот треба да се исполнат како што се историските прашања, образовните прашања, недискриминација, сето тоа го содржи договорот. Бугарија кажува се што ја чека Македонија.

„Во последните одредби од договорот стои овој договор дека има право Република Македонија и Република Бугарија да поднесе Анекс, значи ова не е конечен договор, значи имате право по дипломатски пат да поднесете Анекс за тие точки за кои што мислите дека го стагнираат процесот за развојот на добрососедството, пријателство и соработка. Република Македонија треба да го направи тоа што поскоро, за да го ажурира договорот и тој договор да стане применливи во политички, економски и социјален контекст. А, најмногу во граѓански контекст. Така што тој договор може да има позитивна содржина дури тогаш кога негативни елементи ќе бидат отстранети, а тоа можеме да го направиме согласно оодредбите во договорот и во рок од една година од другата страна да одговори дали ги прифаќа тие измени и дополни. Пазете имаме право на измени и дополни и со тоа да го подобриме и политичкиот дијалог и односот помеѓу граѓаните во двете држави“, нагласи Ѓорчев.

Тој појасни дека Бугарија може и вака Македонија да ја блокира и соотворање на првиот кластер. Бугарија може секогаш Македонија да ја блокира.

Најнови вести