сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нов случај на Конго-кримска хеморагична треска, нема поврзаност со претходниот случај

Нов случај на Конго-кримска хеморагична треска, нема поврзаност со претходниот случај

Велешанец на возраст од 42 години е третиот пациент кој заболел од Конго-кримска хеморагична треска, потврдуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Оттаму велат дека во моментов, пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и е во стабилна општа состојба. Нема поврзаност со претходниот случај.

„Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од општа болница Велес, истиот ден. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38 степени, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во општата болница во Велес. Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи“, наведено е во информацијата од ИЈЗ.

Во 13:30 часот директорката на Инфективна клиника ќе даде изјава за медиумите по повод состојбата со Конго-кримска хеморагична треска.

Најнови вести