Пејачот Бобан Рајовиќ никогаш не ја криел гордоста кога зборувал за своите ќерка и син, но јавноста немала можност често да ги види.
И покрај тоа, Андрија Рајовиќ, наследникот на пејачот, веќе извесно време го привлекува вниманието на корисниците на социјалната мрежа Инстаграм со своето извајано тело.
Според мислењето на многумина, Андрија е копија на татко му, а веќе пораснал во вистински фраер.
View this post on Instagram
Поранешниот фудбалер на помладите категории на Црвена звезда, кој сега гради кариера во Данска, е посветен на работа на мускулите и е многу популарен на социјалните мрежи, а фотографиите на кои се гледа неговото тренирано тело привлекуваат големо внимание кај понежниот пол.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Инаку, како што неодамна откри Рајовиќ, Андрија имал големи тешкотии на почетокот на професионалната кариера, поради што пејачот сакал јавно да се откаже од него.
– Мојот син Андрија имаше отежителна околност кога е во прашање играњето фудбал бидејќи јас сум негов татко. Сакав да се откажам од него во медиумите бидејќи многумина мислеа дека тој гради кариера преку моето име. Неколку пати ме замоли да не доаѓам на натпреварите да го бодрам за соиграчите погрешно да не го протолкуваат моето доаѓање. Одам да купам карта за да дојдам на натпреварот, а тој почнува да ме моли да не се појавувам. Сакав да ги почитувам неговите одлуки и секој пат ќе го слушам, изјави еднаш Бобан за медиумите.
View this post on Instagram