Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат улици во повеќе скопски општини, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Од 08:30 до 12 часот денеска без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Волково во општина Ѓорче Петров, а од 09 до 13 часот, корисниците од улицата „Жифко Фирфов“ во населбата Драчево. Во периодот од 11 до 14 часот, струја ќе немаат корисниците од улиците „Атинска“ бр. 12 и „Никола Парапунов“ бр.1 во општина Карпош.
Утре, без струја во периодот од 09:30 до 11:30 часот, ќе бидат дел од корисниците од улицата „Тодор Чангов“ , односно подулиците со број: 17, 19, 28, 30 и 32 во општина Аеродром, а од 12:30 до 14 часот, корисниците од улиците „Горно Лисиче“, „Горноврановска“, Ѓорѓи Капчев“, „Божин Николов“, „Тодор Чангов“ и „Хаџи Трајко“ исто така во општина Аеродром.
Во понеделеник, според најавите, од 08:30 до 12:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Волково, поточно улиците со број: 101, 102 и 103.