среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Цела пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против дневниот ред за уставни измени, власта поделена

Цела пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против дневниот ред за уставни измени, власта поделена

Власта не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за денешната собраниска седница на која на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот.

Иако речиси година дена се лиферуваше со разни бројки дека им фалат се помалку пратеници, денеска испадна дека им фалат повеќе.

За усвојување на дневниот ред гласаа 70 пратеници, додека против беа сите 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи како и тројца други.

Воедно, тројца други пратеници не гласаа и очигледно е дека поделбата веќе настанува кај власта која ги стави на дневен ред уставните измени.

После постојани изјави како ќе се изгласале уставните измени, после повеќе од година дена, конечно македонската јавност, но пред се власта се увери дека не може да ги изгласа уставните измени, затоа што го нема потребното мнозинство од две третини.

И покрај сите притисоци како внатрешни така и надворешни власта, власта не успеа да го скрши отпорот кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која како и на сите најави досега како од лидерот на партијата Христијан Мицкоски, но и од сите останати пратеници и претставници на партијата, покажаа дека се единствени и цврсти на својот став, против уставни измени.

Сепак, најважно од се, со ова се покажа дека нема и не може да се помине против волјата на македонскиот народ кој е против уставните измени и против уцените на Бугарија чија цел е преку процесот да оствари претензии за македонската историја, јазик и идентитет. Односно, тоа што власта која без консензус прифати обврски кои не може да ги испорача, спротивно на мислењето на граѓаните.

И сега се поставува прашањето што понатаму. Изминатиов период, изгледа свесни од власта дека немаат потребно мнозинство, најавија дека гласањето ќе се одложи. До кога никому не му е јасно. Рокот од ноември го поместија за декември, потоа за следната година, потоа до избори. Тоа укажува дека веројатно никогаш нема ни да соберат 80 пратеници. Токму затоа од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати побараа веднаш да се стави точката на гласање, за да се стави крај на целиот циркус кој го приредува власта, а потоа да се оди на избори.

Најнови вести