среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦУК: Нема активни пожари

ЦУК: Нема активни пожари

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден вкупно 14 пожари се регистрирани на отворен простор, коишто се изгаснати.

-Изгаснати се пожарите во с. Злокуќани (запалена дива депонија), Арачиново, с.Грушино (стрниште и сува трева); Општина Карпош (запалена дива депонија), Општина Дојран, с. Ѓопчели, површина 6 ха (ниско стеблеста шума и прнар – даб) – пожарот е локализиран нема активно горење, Општина Долнени помеѓу с. Ропотово и с. Пешталево (сува трева), Општина Кривогаштани (депонија) – во два наврата е опожарена и е интервенирано на депонијата, Општина Лозово с. Павлешенци (дива депонија); Општина Куманово, с. Речица месност „Аџи тепе“ (нискостеблеста шума и грмушки); Општина Куманово, с. Пчиња – месност „Ристово трло’ (сува трева); Општина Карбинци (Штип), с. Трогерци (стрниште), Општина Долнени, с.Сарандиново (сува трева) и во Општина Демир Хисар с. Сопотница (зафатен со пожар дел од куќа), информираат од ЦУК.

Најнови вести