петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Роскосмос: „Луна 25“ удри во површината на Месечината и престана да постои

Роскосмос: „Луна 25“ удри во површината на Месечината и престана да постои

Сондата Луна-25, првата руска мисија на Месечината по речиси 50 години, се урна на Месечината по инцидент за време на маневрите пред слетувањето, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Комуникацијата со Луна-25 беше изгубена во 14:57 часот (11:57 по Гринич) во саботата, се вели во соопштението на Роскосмос. Според прелиминарните наоди, сондсата „престанала да постои по удар во површината на Месечината“.