сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Живее во неподнослива болка и се плаши да прогласи крај: Селин Дион најверојатно никогаш повеќе нема да пее, фановите загрижени

Живее во неподнослива болка и се плаши да прогласи крај: Селин Дион најверојатно никогаш повеќе нема да пее, фановите загрижени

Селин Дион, која во декември 2022 година во шокантно соопштение до јавноста откри дека и е дијагностициран „синдром на вкочанета личност“ (СПС), најверојатно никогаш повеќе нема да застане пред публика и да пее, пренесува „Мирор“.

Иако се бори како лавица, нејзиното семејство, но и на лекарите им е сè потешко да најдат лек кој би ѝ го олеснил страдањето. Поради оваа причина, се шири гласината дека поради сето она што ја снашло, таа ќе мора да стави крај на својата брилијантна и долга кариера.

Претходно таа ги откажа сите настапи, што подеднакво ги загрижи нејзините фанови.

Бидејќи се знае колку ужива во дружењето со јавноста, се верува дека нема да и биде лесно денеска или утре да каже дека на сето тоа навистина му дојде крајот.

Инаку, тврди изворот, таа моментално деновите ги поминува во неподносливи болки, грчеви и движењето го сведе на тотален минимум.

-Никој не ја фотографирал јавно… цели 600 дена. И знаете зошто. Многу е тешко да се движите, а при некои силни тонови може да се грчи, понекогаш дури и да падне. Таа се подгрбави, а кога ќе се појави грч, болката во мускулите е неподнослива – шокирал изворот, раскажувајќи за „The National Enquirer“.

Посочил дека особено се загрижил бидејќи состојбата на пејачката со текот на времето се влошува.

Најнови вести