понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски: Довербата во полицијата постојано расте

Спасовски: Довербата во полицијата постојано расте

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување на „Вести Плус“ на Канал 5 одговарајќи на прашањето за зголемената доверба во полицијата рече дека можеме да бидеме задоволни од тоа, притоа поврзувајќи го со конкретните бројки од борбата со разните криминалитети како борбата со нелегалната трговија со дрога и оружје.

„Во однос на целокупната состојба за довербата на граѓаните во полицијата можеме да бидеме исклучително задоволни бидејќи таа во последните пет години значително расте. Тоа е поттик за понатамошни добри резултати во борбата со криминалот и јакнење на меѓусебната комуникација со граѓаните“, потенцираше министерот Спасовски.

Министерот Спасовски истакна и дека од година во година се подобруваат резултатите во конкретните видови криминалитети и се зголемува безбедноста на граѓаните.
„Во првото полугодие за оваа година имаме намалување на вкупниот криминалитет во државата за 12.9% во споредба со истиот период лани. Врвните приоритети како борбата со недозволената трговија со дрога и недозволената трговија со оружје. Во претходната година имавме најголема заплена на наркотична средства и најголемо уништување на истите. За првите шест месеци имаме запленети 3.56 килограми кокаин, 289 килограми марихуана и 7.4 килограми амфетамини. Откриени се 381 кривично дело и 452 сторители. Во трговијата со оружје во првите шест месеци имаме откриено 84 кривични дела со 97 сторители, десет члена организирана криминална група, 79 парчиња оружје и над 40 илјади парчиња муниција.“, презентираше бројки министерот Спасовски и потенцираше дека МВР со посветеност и континуитет продолжува да се справува со разните видови криминалитети.

Спасовски ги истакна и превентивните активности и оперативни акции како „Слави со срце, а не со оружје“ и „Безбедно лето“ кои дополнително придонесуваат и даваат резултати во зголемувањето на вкупната безбедност на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Најнови вести