Деновиве светските медиуми пишуваат за разводот на Бритни Спирс и Сем Ашгари, кои ставија крај на бракот по само 14 месеци. Сем го привлече вниманието на јавноста со атрактивниот изглед, а неодамна се појавија фотографии на кои изгледа целосно поинаку.
Сем како 12-годишен ирански имигрант се доселил во Америка со својот татко, додека неговата мајка и 3-те сестри останале во Иран. Најпрвин играл американски фудбал на универзитет, а потоа запишал студии по казнено право. За да успее финансиски да преживее, Сем работел 3 работи истовремено – открил дека спиел 4 до 5 часа ноќе и јадел нездрава храна која го довела до тежина од 130 килограми.
View this post on Instagram
Кога одлучил комплетно да го промени својот живот, Ашгари во рок од 6 месеци изгубил повеќе од 45 килограми. Неговата трансформација била тема на интервјуто за „Men’s Health“ во кое открил дека претходно појадувал чипс, брза храна, шеќер и слатки и пиел пијалаци со многу шеќери.
Започнал да работи како личен тренер, го ограничил буџетот за храна на 50 долари неделно и внесувал 1500 калории дневно, а трошел 4000.
Освен што го довел своето тело во ред, Сем ги поправил и забите, по што започнале неговите актерски и манекенски ангажмани.
View this post on Instagram
Пред 7 години, Ашгари добил ангажман на снимањето на спотот за песната на Бритни, „Slumber Party“. Во таа прилика двајцата се запознале, а останатото е историја…
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram