Една од најпопуларните американски кантри пејачки, Доли Партон, насмеа многумина кога неодамна откри како ја одбила поканата што ја добила директно од принцезата од Велс.
Кога Доли (77) била во Лондон за да го промовира својот нов албум, следел неочекуван повик. Кејт Мидлтон сакала да ја угости американската дива, па ја поканила на чај на типичен британски начин. Следувал одговор во стилот на Доли Партон.
-Бев поканета на чај со Кејт Мидлтон, но не можев да одам. Мислев дека е многу слатко и убаво од неа што ме покани и јас би сакала да присуствувам еден ден. Но, таа нема да го промовира мојот нов рок албум, па морав да кажам не, низ смеа изјави Доли за време на интервјуто за радио Би-Би-Си 2.
Таа изјавила дека жали што немала повеќе време за туристичка тура низ Лондон.