среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Погледнете како денес изгледа ѕвездата од серијата „Инспектор Рекс“: Беше миленик на публиката, а еве зошто ја напуштил улогата на детектив

ФОТО: Погледнете како денес изгледа ѕвездата од серијата „Инспектор Рекс“: Беше миленик на публиката, а еве зошто ја напуштил улогата на детектив

Тобијас Морети се прослави како детективот Ричард Мозер во серијата „Инепектор Рекс“, а подоцна таа улога не можеше да ја надмине со ниту една друга.

Австрискиот актер Тобијас Морети на јавноста и е најпознат по култната криминална серија „Инспектор Рекс“ во која четири години го глумеше детективот Ричард Мозер.

Како прв сопственик на познатиот германски овчар, Морети освои најмногу симпатии кај публиката, а серијата ја напуштил затоа што сакал да работи на нови ангажмани. Тоа се покажало како лоша одлука, бидејќи ниту една од неговите подоцнежни улоги не успеа да ја надмине онаа на детективот Мозер.

Морети завршил студии за композиција на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, а земал часови по глума во школата Ото Фалкенберг во Минхен.

Од 1997 година е во среќен брак со обоаистката Јулија и имаат три деца. Покрај актерството и музиката, тој и неговата сопруга водат семејна фарма во Инсбрук, каде одгледуваат стока за месо и произведуваат органски производи.

Серијата „Инспектор Рекс“ за прв пат се емитуваше пред 29 години, а ги освои срцата и на возрасните и на децата поради главниот лик.

Во центарот на заплетот е германскиот овчар Рекс, кој помага да се фатат криминалци, а единствена слаба точка му се бургерите, кои редовно ги краде од другите. Неговите сопственици се менуваа во текот на годината, но тој остана во текот на сите сезони. Барем така им изгледаше на гледачите, а според информациите од снимањето на Рекс, играле тројца германски овчари: Реџиналд фон Равенхорст, Рет Батлер и Хенри.

Најнови вести