четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Арета Френклин на смртна постела, обожавателите се молат

Арета Френклин на смртна постела, обожавателите се молат

Дел од светските медиуми јавуваат дека соул кралицата Арета Френклин е на смртна постела опкружена со семејството и пријателите. Сепак, официјална потврда за овие информации нема.

Не е познато ниту дали 76 годишната пејачка се наоѓа во својот дом или во болница.

Не е прецизирано ниту од која болест таа боледување, бидејќи медиумите јавуваат дека е тешко болна. Според новинарските извештаи, Арета не е почината, но не се чувствува најдобро во овој момент.

Веста експресно се прошири на социјалните мрежи, а дел од корисниците помислија дека таа е веќе почината.

Дејли Меил известува дека пејачката е сериозно болна и е опкружена со семејството кое ги повикало нејзините обожаватели да с емолат за неа, но и да ја почитуваат нејзината приватност.

Изминатите години Арета имала одредени здравствени проблеми, но во јавноста не кажувала од што боледува.

Во 2010 година се појави информација дека и е дијагностициран рак на панкреасот, но таа набрзо демантираше.

-Толку многу се пишува, а многу од тоа вопшто не е вистина. Затоа почувствував потреба да и се обратам на јавноста. Не знам од каде дојде веста дека боледувам од рак на панкреасот. Тоа го прочитав во еден весник во кој се наведува дека тоа е изјавено до член на моето семејство. Никој од членовите на семејството тоа не го кажал, изјави Арета тогаш.

Во мај минатата година, Френклин изјави дека се бори со респираторни инфекции. Од лани таа се нема појавено во јавноста, последниот настап го имаше на 2 ноември во 2017 година.

Најнови вести