Дијана, ќерката на грофот Џон Спенсер се омажи за британскиот престолонаследник Чарлс на само 20 годишна возраст, а нејзината венчавка од бајките ја следеа 750 милиони луѓе ширум светот.
Веднаш по нејзината венчавка, популарноста вртоглаво и порасна, а новата принцеза пленеше и привлекуваше внимание каде и да се појави, засенувајќи ја кралицата Елизабета, како и принцот Чарлс.
Сепак, на нејзината среќа и дојде крај по разводот од принцот, но и понатаму беше несреќна следејќи ја стотици папараци на секаде низ светот.
По трагичната смрт на денешен ден таа се уште е тема број 1 во сите светски медиуми на овој 31 август, а многумина се прашуваат и каде се наоѓа нејзиниот мистериозен гроб.
Имено нејзиниот гроб се наоѓа на остров во езеро, но поради страв од разбојници и обожаватели не е достапен за јавноста. Не може ниту да се фотографира, ниту да се посети, а фотографијата од гробот на најпопуларната жена на светот досега не е видена.
Наместо тоа, за јавноста е достапен споменикот кој го подигнал братот на принцезата на кој е испишано нејзиното име како и годината на раѓање и смрт. Тој за новинарите во една прилика открил дека иако гробот е затворен за јавноста, имало повеќе обиди за грабеж, што само по себе е морничаво.