Српскиот пејач, Саша Ковачевиќ, со последната објава на Инстаграм им ги скрши срцата на многу жени ширум светот.
Пејачот на својот профил на Инстаграм објави две фотографии со кои и го честита роденденот на својата девојка Зорана, а истите направија бура од реакции во јавноста.
Саша и Зорана се неколку години во врска, а пред неколку месеци во едно интервју пејачот како да наговести дека ќе заплива во брачните води, па оттука се поставува прашањето, дали по ваквата честитка за роденден, следно е предлог за брак?