Шабан Шаулиќ, трагично загинатиот крал на народната музика, денеска ќе наполнеше 72 години, а по тој повод неговото семејство се собра на белградските Нови гробишта за да му оддаде спомен.
Шаулиќ го загуби животот пред четири години, а на денот на неговото раѓање семејството ја посети неговата вечна куќа во Алејата на заслужните граѓани.
Гробот на Шаулиќ го посетија неговите ќерки Санела и Илда, зетот Бојан Вучковиќ, а на комеморацијата се појави и внукот на Шабан, фудбалерот Лука Аџиќ.
Особено емотивна беше вдовицата на пејачот, Гордана, која и денеска не можела да ги задржи солзите.
FOTO: E-STOCK/ČASLAV VUKOJIČIĆ