среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Ливада“ во Бутел прерасна во нов модерен спортско-рекреативен центар

„Ливада“ во Бутел прерасна во нов модерен спортско-рекреативен центар

Го сакам Бутел, го сакам местото во кое живеам. Ова е посебен момент за мене. Местото на кое што израснав јас и многу други генерации, местото кое ние го викаме ливада денес прерасна во нов модерен спортско рекреативен центар, посочува градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„На ова место има:

Ново фудбалско игралиште со вештачка трева;

Ново баскет игралиште со сертифицирана FIBA подлога;

Ново детско игралиште со модерни содржини, покрај спортските игралишта поставено е ново урбано уредување со клупи и летниковец;

Ново лед осветлување;

Ново зеленило и целиот простор е холтикултурно уреден.

До крајот на мојот мандат секое населено место ќе добие свое катче за рекреација и спортување. Општина Бутел се менува“ – посочи тој.