среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: За криминалната бизнис мрежа на Онкологија говорат многу институции и извештаи, затоа мора да има реална разрешница

Пешевска: За криминалната бизнис мрежа на Онкологија говорат многу институции и извештаи, затоа мора да има реална разрешница

Партиите од власта со повикаа на еко директиви и подмукло ги протнаа членовите во Казнениот законик со кои се амнестира криминалот. Заштита на човекови права, владеење на право, реформа во јавна администрација е клучна за ЕУ, а што прави власта амнестира криминал, рече пратеничката Жаклина Пешевска и претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа.

Според Пешевска има начин да се поправат состојбите во земјава, само треба чесен пристап и грижа за граѓаните. Таа се осврна на скандалите поврзани со Владата на СДСМ и ДУИ.

„Кога гледав колку Бујар Османи е шокиран дека не знае кој ја финансира партијата и дека истата фирма и истите лица добиле и тендер, не знам кого повеќе да жалам дали него или Артан Груби кој вели дека нема сопствено возило“, саркастично забележа Пешевска која укажа и на низата недоследности и во случајот со изградба на коридорите 8 и 10д.

„Обвинителството отвори истражна постапка но нема никакво поместување, која е целта на изградбата кога пари веќе се одлеваат. Ова е еден лов во матно и ништо повеќе ништо нема транспарентно. Зборувам за постапките кои не биле по процедура во делот на коридорите 8 и 10д“, кажа Пешевска.

Пешевска укажа дека процесот на рехабилитација на областите во државата ќе оди многу тешко.

„Законите мора да се спроведуваат, а кај нас само цвета криминал. Конкретно за случајот Онкологија во 2017 година имало като систем за контрола на лекарствата за онколошки болни, а го заклучиле во подрум. Како мирно спијат луѓето кои го препродавале лекарствата. За оваа криминална бизнис мрежа говорат многу институции и извештаи. Овој случај мора да има разрешница“, рече Пешевска.

Најнови вести