четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасеновски: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО е достигнување и на опозицијата, а не само на власта

Спасеновски: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО е достигнување и на опозицијата, а не само на власта

Во гостувањето во централниот дневник на Македонската телевизија, професорот на Правниот факултет, Александар Спасеновски истакна дека недостатокот на единство и консензус околу најважните државни прашања е сериозен проблем кој веќе 3 децении го кочи напредокот на државата.

„Не е вистина дека интеграциите на Македонија во НАТО и во Европската унија се достигнувања само на владеачките партии бидејќи, ако погледнеме наназад, ќе видиме дека почетните иницијативи, како и други крупни исчекори се дело на сегашната опозиција, што претставува факт кој треба да се признае, а не да се негира“, рече тој.

Во однос на најновиот развој во македонско-бугарските односи, како и актуелната постапка за уставни измени, професорот Спасеновски истакна дека се реалност стравовите на голем дел од граѓаните дека постои опасност од рушење на македонските идентитетски столбови, како што се легитимни и изјавите дека продолжувањето, а не запирањето на интеграцијата на државата во ЕУ е врвен државен приоритет.

„Клучните две прашања на кои општеството треба да даде одговор е како да се адресираат стравовите на дека претстои процес на редефинирање на македонскиот идентитет предизвикан од позициите на соседна Бугарија, од една страна и како да се изнајде начин, во вакви услови на променета светска геополитика, да се продолжи процесот на европските интеграции“, посочи професорот.

Според Спасеновски, не постојат кристално бели, ниту целосно црни опции, па според тоа задачата на политичарите од сите партии е внимателно да влечат политички потези со кои ќе се сочува и надогради македонскиот идентитет и посебност, со истовремено брзо чекорење кон Европската унија.

Најнови вести