вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Тие што го менуваат Кривичниот законик не размислувале дека има и други членови, по кои што можат да се гонат, сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат

Николоски: Тие што го менуваат Кривичниот законик не размислувале дека има и други членови, по кои што можат да се гонат, сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат

Во однос на неодамнешните измени на Кривичниот законик кој беа донесени по брза процедура со европско знаменце, потпретседателот Александар Николоски во интервју за ТВ Шења истакна дека од ваквите измени најмногу корист имаат одредени структури од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни и сегашни функционери и министри од актуелната владејачка гарнитура на СДСМ и ДУИ кои се огрешиле пред законот.

„Но она што не го земаа во предвид и за што не размислувале кога го менуваа Кривичниот законик е дека има и други членови по коишто можат да се гонат, не се само три члена во Кривичниот закон. На пример кај било кој од овие може да се влези дома и да се види во каков имот живее и да се побара црно на бело да докаже со кој пари и како го изградил и доколку не може да докаже, а веројатноста е голема во законот се знае, 70% се оданочува практично конфискација и се оди во затвор. Еве еден пример како да се одговара и ќе одговараат. Ние имаме цел план како да ги бајпасираме овие измени на Кривичниот законик и како да одговараат тие што треба да одговараат“, рече Николоски.

Во однос на изјавите на претседателот Стево Пендаровски дека од луѓе од ВМРО-ДПМНЕ од него е барано амнестија за поранешниот премиер Никола Груевски, Николоски посочи дека тој е срам за функцијата Претседател и не е проблемот само што е најслабиот претседател што Македонија го имала, проблем е дека е претседател кој што ја урива позицијата Претседател.

„Сите претходно со сите свои предности и мани, со пиетет се однесувале кон позицијата која што ја добиле, за овој човек освен „алапача“ нема друг израз затоа што добар дел од работното време , не го троши да создаде нешто за државата, да ја промовира и дома и надвор. Има доволно ингеренции претседателот, без разлика дека нема има, можеби не колку што има премиерот ама ако сака има што да прави. Може странски инвестиции да привлекува затоа што. Меѓу другото претседателот на државата е задолжен за односите со странство, но овој не го прави тоа. Што прави? Порано само со директорот на Агенцијата за разузнавање која што е под него, а сега веројатно му здосади само со него да разговара, па вика по два тројца агенти од агенцијата различни и озборуваат, или оговараат како сакате кажете, јавни личности кој со кого седел, кој со кого пиел кафе, за работи што се нерелевантни за политичкиот живот“, истакна Николоски.

Најнови вести