среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дали Лазе Велковски е разрешен како резултат на коалиционен договор? ДУИ го зема местото директор на БЈБ!

Дали Лазе Велковски е разрешен како резултат на коалиционен договор? ДУИ го зема местото директор на БЈБ!

Низ безбедносните кулоари подолг период кружат информации дека СДСМ  го препушта Бирото за јавна безбедност на коалицискиот партнер ДУИ, па злоупотребата на довчерашниот Лазо Велковски на службено возило на МВР било само добро покритие тоа да се реализира.

Упатените коментираат дека театарот кој го направила власта околу смената на Велковски, глумејќи наводна коректност пред граѓаните не бил поради желбата за дисциплинирање и корегирање на направената злоупотреба со службени возила туку сега јасно се гледало дека тоа е резултат на коалицискиот договор и рокада на кадровските места.

Досега БЈБ  не била управувана од кадар на ДУИ, доколку Заев го отстапи местото, тоа ќе биде првпат кадар од оваа партија да управува со оваа значајна организациска единица на МВР, која покрај УБК е еден од двата стожери на министерството.

По разрешувањето на Велковски, со државната полиција ќе раководи Бесир Деари. Деари ќе ја извршува функцијата директор на Бирото за јавна безбедност, се до изборот на новиот директор. Бесир

Деари е актуелен заменик-директор на Бирото за јавна безбедност предложен од ДУИ.

Најнови вести