вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Зад завесата се правеле непринципиелни договори кои го рушат владеењето на правото, поседуваме УСБ стик на кој ги има истите усвоени измени на Кривичниот законик

Николоски: Зад завесата се правеле непринципиелни договори кои го рушат владеењето на правото, поседуваме УСБ стик на кој ги има истите усвоени измени на Кривичниот законик

Суштината на ова што го правиме е јавноста да знае дека позади завеса се правеле договори кој што се непринципиелни и кои што го рушат владеењето на правото. Затоа што, за да смените Кривичен законик со кој што местење на тендер веќе нема да е кривично дело, тоа се измените на кривичниот законик, извинете, ама на ниеден начин не е прифатливо. Прашањето е дали ќе ја прочистуваме државата како што сакаме да ја прочистиме и партијата, со цел да се носат подобри одлуки во иднина. Суштината е дека ние поседуваме УСБ стик, на кој што скоро се исти измените на Кривичниот законик со тоа што го има на УСБ стикот. Тој е доставуван на три адреси. Едната адреса е Али Ахмети, втората е Талат Џафери и третата не можам да ја кажам, затоа што преку свиркач го добивме овој материјал, и тоа се поклопува скоро јајце на јајце, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото денешно гостување на утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија во однос на негирањата на поранешниот претседател на партијата дека не преговарал за измените на Кривичниот законик.

Во однос на тврдењата дека секој може во 15 минути на УСБ стик да формира какви било содржини и да ги именува било како, Николоски истакна дека тие кои што од него се по упатени во компјутери многу добро знаат дека се остава трага, форензички тоа се испитува, кој е автор и на кој компјутер е тоа правено.

„И ние не би си дозволиле, јас сум скоро 20 години во политика, мојата политичка партија е во моментов, партија со најголема поддршка помеѓу народот, ние не би си дозволиле да правиме егзибиционизам во јавноста доколку немаме здрави и силни аргументи, прво. И второ, не би си дозволиле тоа да го правиме внатре во партијата, затоа што ова е прочистување внатре во партијата, што е најтешко исто како во едно семејство да ги расчистувате работите. Така што, доколку ние не би биле сто процентно сигурни во ова што го зборуваме, не би излегле во јавност, дури за вкус на многумина, ние ова го правиме предоцна и бевме претолерантни годиниве наназад, но сакавме да имаме солидни докази за да можеме вака да настапиме во јавност“, рече Николоски.

Во однос на уставните измени, Николоски посочи дека, ставот на партијата е јасен и непроменлив, што значи, дека не поддржуваме промена на уставот под бугарски диктат, додека во однос на пресудите од европскиот Суд за човекови права во Стразбур истакна дека како ВМРО-ДПМНЕ рекле Бугарија да одбери најмалце три пресуди кои ќе ги имплементира, но не и само тоа туку тоа е еден голем пакет, значи не ги вклучува само пресудите.

„Не можете вие да одберете од масата тоа што ви одговара, а да не го гледате остатокот од масата. Идејата на пресудите од европскиот Суд за човекови права е следна, прво тие се обврзани за Бугарија, обврска на Бугарија е да ги спроведе, што е земја членка и на Европска Унија и на Совет на Европа. Бугарија е веќе пред санкции во Советот на Европа, бидејќи не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права. Смислата на овие пресуди е да Бугарија признае дека таму има македонско малцинство кое што има право на користење и на образование на свој мајчин македонски јазик и има право на здружување. Ова се најосновните човекови права кој што се гарантирани во Европа и кој што земја членка на Европската Унија не ги почитува“, истакна Николоски.

Николоски додаде дека, се додека ние не го решиме криминалот и корупцијата, Македонија или ќе почне и веднаш ќе престанат преговорите за членство со Европската Унија или воопшто нема да ги почне преговорите.

Најнови вести