Со почеток во 19 часот на „Гумење“, на 05.10. пред спомен куќата „Тодор Проески“, во Крушево по втор пат ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески на кој ќе настапуваат голем број на артисти и групи.
Ќе настапат:
-Фрајле
-Бојан Маровиќ
-Александра Јанева
-Димитар Андоновски
-Славица Ангелова
-Мите Стоилков
-Александра Трајческа
-Никола Зацески
-Зоран Илиев
-Инвиктус бенд
На денот на последниот концерт на Тоше ќе ги пееме неговите безвременски хитови – „Со љубов за Тоше“.