Во Скадарлија денес е откриен споменикот на поетот, композитор и пејач Тома Здравковиќ.
Местото кое го сакаше најголемиот српски боем и местото кое секогаш ќе потсетува на него, сега е украсено со споменик.
Тома Здравковиќ еден од последните кафански настапи го одржа во интимна атмосфера само за одбрани луѓе, во Скадарлија.
На овој настан се појави и неговиот колега Драган Којиќ Кеба, кој дојде во сосема опуштено издание со широки панталони и папучи. По него пристигна Жика Шареница, Бранко Бабовиќ попознат како Ѓуро Палица, а пристигна и сопругата на Тома, Гордана Здравковиќ.
Тома Здравковиќ почина на 30 септември 1991 година. Тома својот живот го посвети на музиката, сакаше алкохол и коцкање, а пред се жените.