среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ: Најстрога осуда за загрозувањето на здравјето на децата од градинката „Димче Мирчев“

СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ: Најстрога осуда за загрозувањето на здравјето на децата од градинката „Димче Мирчев“

Згрозени сме од скандалот кој излезе во јавност овие денови, а се однесува на работата на Јавната установа, детската градинка „Димче Мирчев“. И покрај тоа што директорката се обидуваше да го прикрие овој огромен скандал, од родителите на децата кои престојуваат во градинката, дознавме дека нивната воспитувачка, во текот на изминатите неколку недели, им давала на децата да пушат електронска цигара со различни вкусови. Овој скандал е откриен откако дечињата од градинката неколку дена се жалеле кај своите родители на болки во грлото, велат од Советничката група на Коалицијата „Обнова на Македонија” – Велес.

-Почитувани! Детската градинка треба да биде установа во која нашите деца растат безбедно, учат нови вештини и способности и стекнуваат здрави навики.
Наша должност е децата да ги заштитиме од пороци!
Како Советничка група, изразуваме најстрога осуда за загрозувањето на здравјето на децата и бараме одговорност!
Против воспитувачката, доколку се уште не е, да биде покрената дисциплинска постапка и истата веднаш да биде отстранета од работното место.
Исто така бараме одговорност и од директорката, Маја Велиновска, која во изминатиов период освен со бројни скандали не се прослави со ниту еден решен проблем или значаен проект за доброто на децата. Сведоци бевме на недомаќинското работење на директорката кое доведе до каснење на платите на вработените и недостаток на средства за нивна навремена исплата, разгледувавме извештаи со спорни јавни набавки и лоша организација.
Директорке, зарем ќе останете на вашата функција на штета на најмалите, на штета на нашите деца ? А и да ја поднесете оставката, ќе одговарате за сите сомнителни тендери и злоупотреби на вашата функција !
Почитувани граѓани ! Локалната опозиција на СДСМ на чело со нејзиното неспособно раководство е одговорна за сите скандали кои се случуваат во градинката затоа што, пред околу 5 месеци, играјќи политички игри, директно влијаеше на одликата за одземање на ингеренциите за работата на градинката, на Градоначалникот и на Советот на Општина Велес. И се разбира, сето ова без никаква правна основа.
Од Министерството за труд и социјална политика бараме да биде извршен целосен инспекциски надзор во градинката „Димче Мирчев“- Велес, во најбрз можен рок !
Министерке Јованка Тренчевска, покажавте дека не сте способни да воспоставите нормално функционирање на градинката во Велес !
Ова го докажуваат бројните скандали кои се нижат, а вие не превземате ништо ! Нема да ви биде прв пат да заштитувате омилена директорка на градинка која работи надвор од законите и правилата, затоа ве повикуваме да понесете одговорност и заедно со директорката, да ја доставите и вашата оставка, затоа што за нашите деца се работи !
Почитувани граѓани, за да прекине оваа голгота која ја предизвикува СДСМ, голгота од која што страдаме сите ние, за жал и нашите деца, решение се избори во најбрз можен рок !, додаваат од Советничката група на Коалицијата „Обнова на Македонија”- Велес.

Најнови вести