понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кафтанџиев: Не само што се зголемува бројот на ортопедски повреди, се зголемува и нивната тежина

Кафтанџиев: Не само што се зголемува бројот на ортопедски повреди, се зголемува и нивната тежина

Не само што се зголемува бројот на ортопедски повреди, се зголемува и тежината на тие повреди во земјава, исто како што се случува и во светски рамки. Оттаму, да се има еден стандардизиран начин на нивно лекување, е од сериозна важност, како за пациентите, така и за државата воопшто, изјави за МИА, професор доктор Игор Кафтанџиев од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, пред почетокот на Меѓународен мастер семинар за хирурзи трауматолози и ортопеди.

Кафтанџиев кој е претседавач на настанот,  додаде дека во најголем дел, се работи за пациенти во активна возраст.

– Нивното побрзо враќање кон секојдневните животни и работни активности, е важно и за државата во целина, нагласи докторот.  Тој појасни дека повредите најчесто се поврзани со сезоната.

Задоволство од настанот изрази и копретседавачот, професор доктор Теодорос Тосоунидис од Универзитетската болница во Крит, Грција, кој нагласи дека целта е соединување и размена на искуства на стручни лица, за што е можно подобар третман на пациентите.

Меѓународниот мастер семинар за хирурзи трауматолози и ортопеди, по седми пат, во државава, денеска и утре се одржува во Скопје, според програмата на меѓународната АО фондација.

Како што соопштија од Македонско друштво на ортопеди и трауматолози, МАДОТ, курсот се одржува под наслов АО Траума – „Повреди на горен екстремитет”. На агендата се предавања од страна на реномирани хирурзи и предавачи од Луксембург, Латвија, Израел, Хрватска, Грција и од Северна Македонија.

– Исто така, во периодот од 6 до 8 октомври, македонскиот огранок на АО фондацијата ќе биде домаќин на паневропски состанок на фондацијата, годишниот состанок на асоцијацијата на кој се прави план за идните активности и истите се одобруваат, а каде ќе присуствуваат седумдесетина претставници од сите европски ограноци. Во истиот период, ќе се одржи и семинар за справување со професионалниот стрес и справувањето со професионалните грешки, соопштија организаторите на настанот.  (МИА)

Најнови вести